Спутник V ќе се произведува во Италија дури и ако ЕУ не ја одобри оваа вакцина

од Stefanija Kuzmanovska
357 прегледи

„Руската вакцина Спутник V против коронавирус ќе се произведува во Италија дури и ако Европската агенција за лекови (ЕМА) одбие да одобри вакцината да се користи во ЕУ“, рече Винченцо Трани, претседател на италијанско-руската стопанска комора.

На прашањето од медиумите дали вакцината може да се произведе без потврда за ЕМА, тој одговори потврдно, нагласувајќи дека е важно да се разбере дека процесот на производство нема никаква врска со продажбата на вакцини и дека тоа се две различни работи.

„Мислам дека дури и да не биде одобрена (во ЕУ), има многу други места каде оваа вакцина е многу неопходна“, рече Трани.

Слични содржини