Руската вакцина „Спутник Ве“ (Спутник V) против коронавирусот е регистрирана во скоро 70 земји во кои живее скоро 40 проценти од светската популација, изјави заменик-премиерот на руската влада, Татјана Голикова.
„Тоа, меѓу другите вакцини, ја става на второ место“, рече Голикова во своето обраќање на Глобалниот самит за здравје.
Според неа, вакцината во моментов се доставува во 35 земји.
„Подготовката веќе се доставува во 35 земји – Белорусија, Индија, Казахстан, Кина, Србија, Турција, Јужна Кореја и други земји. Успехот на „Спутник“ е лесен за објаснување. Се работи за голема ефикасност, потврдени од меѓународни експерти, безбедност, лесен транспорт и складирање“, рече рускиот официјален претставник.
Вакцината „Спутник Ве“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеј“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.