284
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе покажа незавидна доза непрофесионалност на натпреварот против Монпеље. Во првото коло од Лига 1, ПСЖ го совлада тимот со 5:2.
Младиот француски крилен напаѓач постигна еден гол и промаши пенал попатно, но тоа не го привлече вниманието на јавноста.
Имено, при еден од контранападите на неговиот тим, Мбапе истрча по левата страна и не ја доби веднаш топката… Што го налути.
На снимката може да се види како Мбапе се лути, а потоа се врти и престанува да трча во контрата, во која беше многу потребен.
На крајот, ПСЖ можеби ќе постигнеше и гол доколку некој беше на далечната статива, што беше „резервирана“ позиција за францускиот претставник.