За време на завршницата од пенал-серијата од финалето на Купот на Србија, се случи целосен хаос меѓу Црвена Звезда и Партизан. Голманот на црно-белите, Владимир Стојковиќ беше во конфликт со неколку играчи на Звезда, а во еден момент доби втор жолт картон, но и покрај тоа, тој продолжи да брани.
Резервистот Крстовиќ го постигна третиот пенал за својот тим и го израмни резултатот на семафорот, а веднаш потоа се упати кон Стојковиќ.
Тој му се внесе во лице и почна да го провоцира, па поради тоа реагираше чуварот на црно-белите, ставајќи ја топката на лицето на младиот напаѓач на Звезда.
— Luka Nikolić (@luksie1) May 25, 2021
Крстовиќ заврши на трева, а Стојковиќ доби втор жолт картон. Требаше да биде црвен, но правилата велат дека сите жолти картони се бришат пред изведувањето на пеналите.
Поранешниот голман на српската репрезентација поради тоа продолжи да ги брани пеналите, но неговиот тим претрпе пораз.
На провокациите им немаше крај, бидејќи Марко Гобељиќ, кратко откако Борјан го одбрани судбоносниот пенал, му пријде на Владимир Стојковиќ и ги соблече шорцевите пред него. Провокацијата е поради, може да се претпостави, изјавите на поранешниот голман на Звезда пред натпреварот дека „ако Партизан го освои пехарот, него може да го силуваат“.
Gobeljić skinuo gaće ispred Stojkovića kao odgovor na izjavu pre finala Kupa… pic.twitter.com/TwJYbM3Qvp
— Miloš Simanović (@MilosSimanovic) May 25, 2021
Гобељиќ на срамен начин реагираше на таа изјава, по што црно-белите играчи истрчаа кон голот каде славеа играчите на Звезда, во обид да се пресметаат со бего. Сепак, се се заврши само со неколку разменети зборови.
Потоа следуваше свечената церемонија на доделување на наградите, која ќе остане извалкана од неспортскиот потег на играчите на Звезда.