Срамен пресврт со аукцијата на лентата на Роналдо: „Замислете како им е на родителите на Гаврило“

од Stefanija Kuzmanovska
496 прегледи

Веста за аукцијата на лентата на Роналдо, која тој во бес ја фрли на Маракана, а од која парите би оделе во хуманитарни цели за малиот Гаврило, експлодира во јавноста.

Семејството на малиот Гаврило нема пари за лекување, а пожарникарот од мечот Србија – Португалија ја стави лентата на аукција, со цел да помогне. И тогаш се случи срамен пресврт.

Да потсетиме, на хуманитарната аукција, капитенската лента, која Кристијано Роналдо ја фрли на тревата на стадионот „Рајко Митиќ“ од револт дека не му беше доделен гол за победа на Португалија против Србија, утрово достигна вредност од една милијарда и 280 милиони динари, што е повеќе од 10 милиони евра!

По само неколку часа, скоро сите понуди што беа пласирани во текот на ноќта беа избришани и цената не престанува да паѓа, па сега е 6 милиони.

Овој случај предизвика бурни реакции и револт кај граѓаните.

Слични содржини