„Срамни податоци“: Речиси четвртина од германското население не може да си дозволи ниту еднонеделен одмор

од Vladimir Zorba

Германците традиционално користат прилично голем број празници за да ги комбинираат со неколку слободни денови и да патуваат некаде, како, на пример, сега за Велигден. Но, кризата се чувствува и сега речиси секој четврти граѓанин нема пари за неделен одмор надвор од дома, јавува dpa.

Според податоците на Евростат, 22,6 отсто од населението немаат пари за патување. Сара Вагенкнехт, пратеник во Бундестагот, ги побара податоците од Државниот завод за статистика.

Како и обично, најтешко погодени се самохраните родители, 43,2 отсто од нив, но од натпросечната криза страдаат и семејствата со две или повеќе деца, 31,3 отсто.

Уделот на општата популација што не може да си дозволи еднонеделен одмор е зголемен за 0,4 отсто во последните две години.

Вагенкнехт ги опиша овие податоци како „срамни“. „Речиси четвртина од населението не може да си дозволи ниту еднонеделен одмор“, вели поранешната пратеничка од Левицата, а сега лидер на сопствена партија.

Слични содржини