Срби и Хрват ја ограбија најубавата спортска водителка (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
480 прегледи

Италијанската спортска новинарка Дилета Леота беше мета на крадци, кои минатиот јуни упаднаа во нејзиниот стан во Милано, а италијанската полиција неодамна ги фати разбојниците.

За време на кражбата, Леота останала без накит, осум часовници, чанти и пари, а се проценува дека крадците покрај бројните скапоцености зеле и околу 150.000 евра.

Според италијанските медиуми, групата разбојници наречена „Летачка банда“ се состои од двајца Срби, еден Хрват, Косовар и еден Романец.

Двајца крадци чувале стража, додека останатите тројца упаднале во стан на деветти кат во строгиот центар на Милано и одзеле скапоцености. Сепак, грабежот го снимила безбедносна камера, што и го олеснило на полицијата апсењето.

Инаку, Дилета е една од најпознатите спортски новинарки во светот, а како водителка го следи италијанскиот фудбал со години.

На Инстаграм има скоро 8 милиони следбеници, а медиумите неодамна ја доведоа во љубовна врска со Златан Ибрахимовиќ.

Сепак, ѕвездата на тимот од Милано е во среќен брак со Хелена Сегер, со која е заедно 19 години, додека Дилета е во врска со турскиот актер Јан Јаман.

Слични содржини