Србија: 5.446 новозаразени, 32 починати лица, 209 на респиратори

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 5.446 нови случаи на коронавирус, а 32 починале.

Вкупно 531.558 лица досега се заразиле со вирусот во земјата, а регистрирани се и 4.810 смртни случаи.

Во моментов има 4.859 пациенти на болничко лекување, од кои 209 се на апарати за дишење.

Во последните 24 часа биле тестирани 18.288 лица.