Србија блокира- Македонија во домино ефект

од Vladimir Zorba

Македонија: реагира на “домино ефект”,  и ја затвора границата за Авганистанци Властите во Скопје  ги потврдија информациите од Грција дека Република Македонија ја затворила јужната граница за мигранти од Авганистан. Во пракса тоа значи Македонија дејствува во согласност со правилата на “домино ефект”, откако Србија го забрани влезот за Авганистанци .

ограда мкд вој

“Српската страна  го забрани влезот за бегалци од Авганистан”, рече портпаролката на македонската полиција Наталија Пирова и прецизира дека сеуште “нема официјална информација за тоа решение” од Србија. Утрово Македонија  ја затвори јужната граница со Грција за мигрантите од Авганистан. Граничните власти дозволуваат  во земјата само бегалци од Сирија и Ирак, соопшти и  возврати грчката полиција. Од вчера  македонските полицајци темелно ги  проверуваат  документите и багажот на сите кои пристигнале на нејзината граница. До денес властите  примаа документите на грчката полиција за регистрацијата на мигрантите и  кај нив. Од вчера  на грчка страна чекаат над 55 автобуси со 2750 мигранти. На самата граница има уште барем 800 други.

бег гран

Од почетокот на 2016 година над 83 000 мигранти влегле од Грција во Македонија.  Од почетокот на оваа година до утрово во  Република Македонија од Грција влегле 84 359 мигранти, соопштија од Министерството за внатрешни работи во Скопје. 33 598 од нив се мажи, 18 287 се жени и 32 269 се деца. 40 658 мигранти се од Сирија, 26 544 – од Авганистан и 17 154 од Ирак. Сите мигранти доаѓаат организирано од грчките власти до македонскиот пограничен град Гевгелија. Европската унија и даде ултиматум на Атина за 3 месеци да стави ред во обезбедувањето на надворешните граници на заедницата. Специјален извештај на ЕУ откри груби прекршувања на грчките власти во заштитата на заедничката европска граница. Токму овие нарушувања поврзани со одбивањето на Грција да ги исполни своите обврски, се во основата на проблемот со мигрантите кои  ја зафатија Европската унија и Македонија во последните месеци.

Во меѓувреме  Србија објави дека од денеска , 22 февруари единствен легален пат за мигрантите од Блискиот излез кои патуваат кон некоја земја од ЕУ, ќе биде само  грчко-македонската граница. Сите останати кои поминале ќе се сметаат за нелегални, а мигрантите ќе бидат вратени назад во државата, од каде доаѓаат. Ова предупредување  го упатија в.д. директор на полицијата на Србија Владимир Ребиќ и началникот на Граничната полиција во Министерството за внатрешни работи Миленко Божовиќ,

loading...

Слични содржини