Србија доби нова влада, првата седница утре во 6.30 часот

од Vladimir Zorba
93 прегледи

timthumb (1)

Србија денеска ја доби новата влада, откако предлогот на мандатарот Александар Вучиќ доби поддршка од 163 пратеника во Собранието на Србија.

За новиот кабинет на Александар Вучиќ, со 16 министерства и три министри без портфељ, гласаа 163 пратеника, против беа 62, воздржани немаше, додека 24 пратеници беа отсутни.

Претседателката на српското Собрание Маја Гојковиќ им честиташе на премиерот и на министрите во новата влада, по што со свеченото давање заклетва, официјално почна нивниот мандат.

Членови на новата влада се:

– премиер Александар Вучиќ

– прв потпретседател и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

– потпретседател и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ

– потпретседател и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ

– потпретседател и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ

– министер за финансии Душан Вујовиќ

– министер за економија Горан Кнежевиќ

– министер за земјоделие и заштита на животната средина Бранислав Недимовиќ

– министер за рударство и енергетика Александар Антиќ

– министерка за правда Нела Кубуровиќ

– министерка за државна управа и локална самоуправа Ана Брнабиќ

– министер за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ

– министер за образование, наука и технолошки развој Младен Шарчевиќ

– министер за здравство Златибор Лончар

– министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања Александар Вулин

– министер за младина и спорт Вања Удовичиќ

– министер за култура и информирање Владан Вукосављевиќ

– министри без портфељ- Јадранка Јоксимовиќ, Славица Ѓукиќ- Дејановиќ и Милан Кркобабиќ.

Слични содржини