Србија донира три милиони евра за децата и бегалците од Украина

од Nikola Popovski
219 прегледи

Владата на Република Србија на денешната седница донела одлука за испраќање финансиска хуманитарна помош за децата и бегалците во Украина во вкупен износ од три милиони евра.

Владата соопштила дека за помош на децата од Украина се издвоени средства во износ од 1,5 милиони евра, кои ќе бидат исплатени преку механизмот на Детскиот фонд на Обединетите нации – УНИЦЕФ.

Истата сума, како што се додава, е предвидена и за помош на бегалците од оваа земја, која ќе се исплати преку механизмот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН – УНХЦР.