Србија е втора во Европа, шеста во светот според бројот на вакцини на милион жители

од Берта Китинска
133 прегледи

Според последните владини податоци, досега во Србија се дадени 1.436.682 дози на вакцина за коронавирус, а втора доза на вакцина примиле 511.999 лица.

Кога станува збор за бројот на вакцинации на милион жители, Србија е на шестото место во светот – по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.

Според бројот на вакцинации на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија.

Кога станува збор за бројот на оние кои примиле втора доза на вакцина на милион жители, Србија е прва во Европа и четврта во светот, по Израел, Сејшелите и Обединетите Арапски Емирати.

Србија е убедливо прва во регионот според бројот на вакцинации на милион жители, по што следат Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Црна Гора.Србија е на прво место во регионот според бројот на граѓани кои ја примиле втората доза на вакцината на милион жители.

Според вкупниот број на вакцини и ревакцинации, Србија е втора во регионот, по Романија.