Србија ги укинува ковид-пропусниците

од Nikola Popovski
361 прегледи

Кризниот штаб при Владата на Србија за борба против коронавирусот на денешната седница донел одлука за укинување на ковид-пропусниците, а таа одлука ќе стапи на сила од сабота.

-Покрај укинувањето на пропусниците имаме одлука за задржување на препораката за носење маски во затворени простории. Кога станува збор за вкупниот број на луѓе собрани во затворени простории, ограничувањето е укинато. Практично од сабота сите кина и театри ќе можат да работи нормално. Кога е во прашање изолацијата, таа се уште е на сила, изјави членот на Кризниот штаб Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Правилната ковид-пропусница вклучувала потврда за примена втора или трета доза на вакцина не постара од седум месеци или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или негативен антиген тест кој важи 48 часа.

Како пропусница важела и потврдата за прележан коронавирус, која не е постара од седум месеци.