Србија ги враќа мигрантите во Македонија

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Српските полицајци ги враќаат мигрантите назад во Македонија. Групи мигранти на самата гранична линија велат дека се принудени да се вратат назад бидејќи српските полицајци не дозволуваат да влезат во Србија и ги бркаат во Македонија., јавува 24 Вести.

мигранти 4

Поради високите температури кои ја зафатија Македонија деновиве, возовите полни со мигранти сè потешко пристигнуваат на својата крајна дестинација на граничниот премин Табановце. Машиновозачите се принудени по неколкупати да застануваат по пат. Дневно од Гевгелија пристигнуваат по три специјални мигрантски возови.