После 163 години постоење, Биолошкиот факултет можеби конечно ќе добие функционална зграда. Иако во 1993-та година почнала градбата на објектот во Ботаничката градина, уште тогаш престанаа градежните активности. Сега на истото место ќе никне нова зграда, а милион марки кои тогашната власт ги вложи, сега “ќе пропаднат во вода”.
Најавена е изградба на нов објект кој ќе чини 15 милиони евра.

Зграда на Биолошкиот факултет во Ботаничка градина ФОТО- Novosti.rs
Во разговор за “Novosti.rs”, деканот на Биолошкиот факултет, Жељко Томановиќ, вели дека за проектот на новата зграда конкурирале за инфраструктурни проекти кои ги финансира Европската инвестициона банка, а наскоро се очекува и одговор на надлежното Министерство за образование.
Вредноста на проектот е околу 15 милиони евра, предвидено е зградата да има околу 6 500 метри квадратни, што е доволно за студентите и лабораторија. Проектот доби одобрение од Заводот за заштита на спомениците и Заводот за заштита на природата, бидејќи Ботаничката градина е културно наследство. Условот кој моравме да го исполниме е да зградата не биде поголема од дрвјата и да се уклопи со пределот на градината, вели Томановиќ за “Novosti.rs”.

Нацрт-проект на зградата на Биолошки факултет. ФОТО- “Novosti.rs”
Околу 1500 студенти од Биолошкиот факултет имаат настава на 4 локации. Но, со градбата на нов објект сите студенти ќе бидат на една локација. Сегашниот простор е исто така мал, но наместо 30 студенти како што се сега, ќе има и по 90 на предавања, а испитите нема да се одржуваат во сабота и недела како до сега.
Според проценките, рушењето на старата зграда ќе потрае околу шест месеци ,а почетокот на новата градба се планира кон крајот на годината.