Србија го откупи од Македонија делот од зградата на Амбасадата на СФРЈ во Берн

од Nikola Popovski
401 прегледи

Српскиот амбасадор во Швајцарија Горан Брадиќ, по овластување и наредба на тамошниот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ, потпиша купопродажен договор со амбасадорот на Северна Македонија во Швајцарија, Кенан Рамадани за купување на косопственичкиот удел на Амбасадата на СФРЈ во Берн, Швајцарија.

Во следните 30 дена, на Македонија ќе и се исплати удел од осум отсто од зградата во која се наоѓаат Амбасадата, Конзуларното одделение и резиденцијата на српскиот амбасадор.

Со тоа Србија станува сопственик на 61,5 отсто од уделот над зградата во Берн, соопшти српското МНР.

Договорот за откуп на словенечкиот удел од 14 отсто беше потпишан на 7 декември годинава.

Зградата на Амбасадата во Берн, со површина од 1.835 метри квадратни, ја изгради компанијата „Енергопроект“ во 1978 година, а во 2017 година кантонот Берн го вклучи објектот во списокот на заштитени културни добра.

Слични содржини