Преговорите за сукцесија на имотот на СФРЈ се во застој ама Србија продава дел од тој имот. Пoделбата на имотот на ЈНА не ни дошол на дневен ред ама Србија го нуди на пазарто токму тој имот кој беше украден и извлечен и од Македонија. Е нема такви патриоти во Македонија што ќе направат здружение за заштита на интересите на Македонија ниту државна рекација за да се спротиставата на пљачкосувањето и денес..Министерството за одбрана на Србија најави дека ќе објави продажба на повеќе од 480 тенкови, 220оклопни возила, повеќе од 20.000 пушки и пиштоли и големо количество муниција и друга опрема.
Според веб-страницата на Министерството за одбрана на Србија, Дирекцијата за набавка и продажба на плановите за продажба на 282 тенкови Т-55 и 220 оклопни возила М-60, М-80, БТР-50 и БТР-60 и повеќе противтенковски оружја, како и 200 хаубици од 105 и 155 милиметри.
Министерството ќе понуди околу 16.700 пиштоли со калибар 7,65-, околу 3.500 автоматски пушки М-70,околу 120.000 гранати и околу 1.500 ракети.
Заинтересираните може да купат повеќе од 1.100 противавионски топови од 20 и 30 милиметри и околу 5.400 рачни ракети и минофрлачи, а на продажбата се и повеќе ракетни лансери и 26 проектили М-63
