Србија: Граѓаните ќе може да пријавуваат лекари кои не препорачуваат вакцинирање

од Берта Китинска
315 прегледи

Српското министерство за здравство стави во функција телефонски број 064/8811-405 на кој граѓаните ќе можат да ги пријават лекарите кои не препорачуваат вакцинирање без јасна, оправдана и конкретна медицинска причина.

Сите неправилности пријавени преку овој број ќе бидат процесуирани пред судот на честа на Лекарската комора на Србија, а против наведените лекари ќе бидат поднесени кривични пријави за загрозување на животот и здравјето на граѓаните.

Министерството уште еднаш упати апел до граѓаните да се вакцинираат зашто тоа е единствениот начин да се стави под контрола епидемијата на коронавирусот.