Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во синоќешното гостување на РТС, зборуваше за новата мерка „Подобри цени“ според која многу производи ќе бидат по подобри цени, а некои ќе имаат и до 80 проценти попуст.
– Направивме цела кошница. Ќе видите како ќе изгледа утре. На таа листа ќе се најдат 81 производ. Сè што ќе ви текне, од овошје и јаболка што беа скапи, одиме на многу ниски цени… Паштетата Јухор, која чини 54,9 динари, отиде до најниската цена од 40 динари, ќе оди на 37 динари. Значи од чајни колбаси, шампон, прашок за перење, јогурт, овошје, зеленчук, се што им треба на луѓето. Широк асортиман на производи. Оваа акција ќе трае од 1 септември до 31 октомври. Да, особено за луѓето во тие тешки месеци, септември, јануари, февруари секогаш се најтешки, со најголеми трошоци. Со ова го подигнуваме нивото на одговорност кај трговците, но и јасно покажуваме колку ни е грижа посиромашните луѓе лесно да го пребродат овој тежок период, ако не им е лесно, барем да можат да си дозволат достоинствен живот. Презадоволен сум како испадна, задоволен сум од асортиманот на производи, од сапун, шампон, прашок за коса до секаква храна, овошје, зеленчук, месо, месо и млечни производи – рече Вучиќ за кампањата „Подобри цени“.
Владата на Црна Гора, пак, усвои нови мерки за ограничување на маржите во трговијата на големо и мало, кои се однесуваат на 66 различни производи, а според пресметката на владата во Подгорица со мерките ќе бидат опфатени околу илјада ставки.
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека опфатот на акцијата ќе биде поголем од досега и посочи дека ограничувањето на маржите нема да ги ослободи трговците од најавеното зголемување на платите. Оваа акција, како и претходната наречена „Ограничени цени“, нема да важи за најмалите маркети, односно оние со вкупна квадратура под 600 квадратни метри.
Најавените мерки ќе важат до 31 јануари следната година. Маржа е разликата помеѓу куповната и продажната цена на стоката.
Сѐ поскапо: Граѓаните купуваат на акција за да го преживеат месецот