335
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најавил нова парична помош за младите, на возраст од 16 до 30 години, во износ од 100 евра.
„За сите лица од 16 до 30 години, поточно 29 години, 11 месеци и 31 ден подготвивме мерка која брзо ќе се спроведе, тоа е мерка за поддршка на тие лица“, изјавил Вучиќ на прес-конференција.
„Право да се пријават во периодот од 15 до 30 јануари ќе имаат сите млади кои наполниле 16 години, а парите ќе ги добијат околу 1 февруари. Станува збор за сума од 100 евра“, додал тој.
Тој потсетил дека на 15 јануари сите здравствени работници ќе добијат по 10.000 динари, а на 10 февруари ќе следи помош за пензионерите од 20.000 динари.
-Тоа е голема помош за вкупно околу 2,9 милиони луѓе, истакнал Вучиќ.