Владата на Србија ја усвоила Уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати Еуродизел и Еуро премиум БМБ 95. Уредбата стапува на сила утре и ќе важи во следните 30 дена, до 11 април.
Одлуката е донесена со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период имаше поскапување на нафтените деривати, соопшти Владата.
Со уредбата се утврдува максималната малопродажна цена и се обврзуваат стопанските субјекти кои вршат трговија со моторни и други горива на станиците за набавка на транспортни средства, а кои до донесувањето на Уредбата испорачувале деривати, да продолжат со испораката исклучиво со точење во во погонските резервоари на возилата.
Предвидени се и условите и начинот на продажба на нафтените деривати на регистрирани земјоделски стопанства.
Членовите на Владата одлучија привремено да ги намалат акцизите за 20 отсто од сегашната сума на нафтените деривати – оловниот бензин, безоловен бензин и маслата за гас.
На денешната седница била донесена изменета одлука за условите и начинот за намалување на царините на одредени стоки, односно за ослободување на одредени стоки за плаќање царина во 2022 година.
Одлуката за нафтата и маслата добиени од битуменозни минерали ќе важи до 31 декември годинава.