Србија ја затвори границата со Македонија за бегалци, откако Хрватска не ги пропушта мигрантите кон Словенија и Австрија, пренесе електронското издание на белградскиот весник “Новости”.

srbija

Изданието прецизира дека откако во четвртокот попладне од железничката станица во Шид во северсозападна Србија не тргнал воз за границата со Хрватска и уште најмалку 250 бегалци веќе се на пат од Прешево кон хрватската граница, Србија се одлучила на ваква активност .

ПССЕ повика целосно да се спроведе Договорот од Пржино

“Новости” смета дека по ваквата одлука најверојатно и Македонија ќе ја затвори границата со Грција.

Претходно, унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер најави затворање на три железнички премини со Хрватска за да се спречи евентуално влегување на бегалци.

Пинтер појасни дека премините ќе бидат затворени бидејќи хрватските власти испратиле воз полн со бегалци под полициско обезбедување кон Унгарија.

Министерот не прецизира кога ќе бидат затворени премините ниту кога споменатиот воз е испратен за Унгарија.

Станува збор за премините кај Которибе, Копривница и Бели Манастир преку кои лани голем број мигранти влегоа во Унгарија на пат кон Германија.

Слични содржини