Србија предупреди дека ќе ги уапси министерот за надворешни работи на својата поранешна покраина Косово, Хашим Тачи по обвиненијата за тероризам, ако тој ја прифати покана да присуствува на конференцијата во Белград следната недела, пренесува “Ројтерс”.
Тачи е поканет да присуствува на конференцијата посветена на европската интеграција на Западен Балкан, во српската престолнина на 24-ти април и е “подготвен да присуствува”, изјави негов советник порано.
Тачи беше водач на герилски бунт против Србија во 90-тите чело на Ослободителната војска на Косово. Во Србија, тој често е обвинуван од политичарите за воени злосторства поради учеството во конфликтот во Косово. Тој доби пресуда од 10 години затвор за тероризам од Белград во 1997 година
“Ако тој се појави во Белград, Министерството за внатрешни работи на Србија ќе дејствува во согласност со законот и ќе го предаде на правосудните органи”, пренесоа српските медиуми, цитирајќи го српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.
Во 2008 година Тачи беше еден од иницијаторите на декларацијата за независност на Косово и од тогаш зема активно учество во посредуваните од Европската унија преговори за воспоставување на односи со Белград.
Пред еден месец Тачи имаше невиден состанокот со српскиот колега Ивица Дачиќ во Приштина. Двајцата одржаа разговор на кафе за време на состанокот на лидерите на Западен Балкан.
Тачи беше поканет да земе учество во регионална конференција организирана од седиште во Белград од Комитет за младинско образование.
“Тачи ја добил поканата и е подготвен да ја прифати. Сега зависи од властите на Белград дали тој ќе оди или не”, изјави Ардијан Арифај, советник на Тачи.
Евентуално апсење на Тачи во Белград ќе доведе до сериозен дипломатски скандал и влошување на односите со Европската унија (ЕУ). ЕУ инвестира во сериозни напори и средства во подобрувањето на односите меѓу Србија и Косово, додека и двете страни имаат желба да се приклучат на Заедницата.
“Тачи е еден од најактивните политичари на Балканот, кој работи за мирот и соработката меѓу луѓето и државите. Токму затоа тој е подготвен да отпатува за Белград”, додава советникот.
Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ рече дека истрагата против Тачи во моментов е суспендирана, зашто тој е надвор од дофатот на српските власти.
“Интерпол ја поништи валидноста на потерницата на Тачи во другите земји, бидејќи тој е меѓу највисоките албански претставници. Сепак потерницата во Србија не е откажана, затоа ние можеме да го уапсиме, ако дојде”, цитира Balkan Insight Вукчевиќ .
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ коментираше дека “нема потреба Тачи да доаѓа во Белград”:
“Направивме многу чекори кон нормализација во односите со меѓусебен договорен начин. Оваа покана не е взаемно кохерентна, конференцијата е еднострано организирана од невладини претставници. Слични сериозни прашања не можат да се решаваат без интервенција на државните власти”, вели Дачиќ.
