Србија: мудрост или шизофренија?

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Србија седи на две столици: одржува воени вежби и со Русија и со НАТО; бара приближување кон ЕУ, но сака и членство во Евроазија унија на Путин. Мудра политика или поточно шизофренично однесување?

србијаХеликоптери, падобранци, генерали и многу, многу телевизиски камери – заеднички вежби на српската армија со руски борбени делови се секогаш  и одлично глумат. И оваа година претстојат такви маневри: антитерористичка вежба “Словенски братство” плус заеднички летови за обука во Русија. Српски војници редовно учествуваат и во маневри на НАТО, но за тоа речиси не се зборува. На пример водечките српски медиуми јавија само периферно  за трите вежби  спроведени минатата година во Германија. Една изјава на српскиот претседател Томислав Николиќ – дека Србија никогаш нема да влезе во НАТО, бидејќи неговата земја не сакала да води војни – повторно ја разгоре дебатата. А Белград продолжува да го држи на дуал позиција – воениот  и политички шпаг меѓу Русија и Западот. Експертите се колебаат како да го дефинираат ова однесување – како мудра позиција на српското раководство или како недостаток на било каква долгорочна стратегија.

Во секој случај српскиот конзервативен премиер Александар Вучиќ има искуство во такви дуал игри: националистот  во подем од 90-тите години на минатиот век денес се претставува реформатор и фан на ЕУ, кого Брисел дури го  смета за примерен ученик – заради прагматичните   односи со поранешната српска покраина Косово. Истиот овој политичар сепак  ја посети најнапред Москва, откако беше избран за премиер – за да се консултира со претседателот Путин. Истото се случи и во април оваа година, откако неговата Прогресивна партија задржи апсолутното мнозинство во парламентот – со помош на неколку мали и верни на Кремљ партии.

“Куќа со две врати”

“Учеството во воени вежби и со Русија и со НАТО е знак за тоа дека Белград не сака да се реши за една од двете страни”, вели за Дојче Веле српскиот експерт Михајло Црнобрнја . Токму тоа го повторуваат и српските владетели: дека не сакаат да ја загрозат соработката ниту со Русија, ниту со Западот. Затоа Србија треба да остане “куќа со две влезни врати”, како што го формулира то претседателот Николиќ. Таква куќа сепак е изложена од две страни на налетот на ветрот, вели за возврат директорката на белградскиот Центар за евроатлански студии Јелена Милиќ. Според неа учеството на српските војници во воени маневри истовремено и со двете страни е чист примерок за  шизофренија. “Во моментов НАТО префрла свои делови кон Источна Европа – одговор на агресивното однесување на Москва во Украина и заканата за балтичките држави. Како  да се седи на две столици во една толку напната атмосфера, Србија само покажува дека не е суверена држава и не знае како да ги брани интересите “, вели Милиќ. Тоа двојно однесување на Белград стана повод и за истрага од страна на Левицата во германскиот Бундестаг. Левите пратеници се интересираа дали потпишаниот минатата година “Индивидуален план за партнерство” меѓу Србија и НАТО не  се поткопува принципот на неутралност, запишан во српскиот устав. Во одговорот на германската влада, со кој располагаме, се вели дека во овој план за партнерство никаде не се зборува за членство на Србија во НАТО. Затоа пак се потсетува дека има неутрални земји, кои и покрај тоа одржуваат партнерски односи со НАТО – како на пример Швајцарија, Австрија, Финска или Молдавија.sp-rusija-srbija

Соработката со Русија, ја вклучува  воената област, во принцип не ја попречува европската интеграција на Србија, тврди германската влада. Но како кандидат за членство во ЕУ Србија се обврзала да  се хармонизира со европските стандарди и политиката за безбедност. А во својот коалициски договор партнерите од Големата коалиција во Германија се обврзуваат “активно да помагаат на приближување на земјите од Западен Балкан со ЕУ и со НАТО”. Севим Дагделен, пратеничка од Левицата и член на надворешната комисија во Бундестагот, смета дека тоа претставува обид да се разводни српската в неутралност. “За поблиско приближување кон НАТО  се турка Србија во едната насока и де факто ја претвора во противник на Русија и на сопствениот народ,  и мнозинството  кое е против членството на Србија во Алијансата”, вели левата пратеничка.

. Професорот Црнобрнјавели за возврат дека пристапувањето на Србија во НАТО и без друго е чиста утопија – бидејќи сеуште е свеж споменот за НАТО бомбардирањето во 1999 година за време на војната во Косово. Две третини од Србите категорично  ја отфрлаат идејата за членство на земјата во НАТО. “Искрено би бил изненаден ако во скоро време расположението се сврти. Во моментов шансите се 1 до 20 против членството во НАТО”, вели српскиот аналитичар.

Европска или евроазиски унија?

Минатата недела руски државни медиуми објавија дека наскоро Србија ќе биде примена  во фри трговска зона на Евроазија економска унија, создаден од Русија. Српски министер ја потврди веста, а локалниот печат стори сé за да ја претстави во добра светлина. Најблискиот до провладиниоте весник “Политика” излезе со наслов “Путин дава зелено светло”, а “Вечерњи новости” напиша дека српските производи ќе се продаваат на пазар со 180 милиони корисници. Рускиот портал “Спутник” дури препорача Евроазија економска унија како алтернатива на ЕУ. Во оваа врска аналитичарката  Јелена Милиќ предупредува дека двете Унији не играат во иста лига: “евроазиски унија се занимава само со трговија и не се интересира за вредности, човекови права и правна држава”. Најдоцна до 2020 година Белград сака да ги исполни сите критериуми за членство во ЕУ. Професорот ЦрнобрнјА сепак смета дека најверојатно ќе биде потребно многу повеќе време. Време кое Белград ќе се обиде да ГО искористи во своја полза. Или како што се вели во една српска изрека – галено   јагне  цица млеко од две мајки.