325
Србија набави два најнови лекови за третман на коронавирус, кои ги има во сите клинички, клинички-болнички центри и општите болници, објави Републичкиот фонд за здравствено осигурување.
Тоа се лековите Бамланивимаб и Регенерон од групата на неутрализирачки моноклонални антитела за третман на ковид-19.
Двата лека се применуваат во првите десет дена по појавата на симптомите и претставуваат уште една шанса инфекцијата да престане во раната фаза на болеста, се наведува во соопштението.