Србија најверојатно ќе ги почне преговорите со ЕУ на есен

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Берлин конечно би можел да го одблокира европскиот пат на Србија и да одобри отворање на првите поглавија во преговорите со Европската унија на есен, најверојатно во септември, објави „Вечерње новости“.

eu_Srbija

Српскиот весник посочува дека тоа ќе биде клучната порака со која шефот на германскта дипломатија Франк Валтер Штајнмајер ќе пристигне во Белград на 28 април.

– Штајмајер во Белград ќе пренесе дека Германија позитивно ќе гласа за старт на преговорите, но јуни е преоптимистичен рок, бидејќи има останато уште неколку работи кои треба да се завршат. Берлин очекува Европската комисија конечно да ги одобри акционите планови на Србија за поглавијата 23 и 24 за правосудство, владеење на правото и безбедноста, чија трета версија е испратена во Брисел и на есен би требало да почнат преговорите, посочува „Вечерње новости“.

Белградскиот весник наведува и дека Штајмајер ќе побара од српските власти до крај да се истражат палењето на Амбасадата во Германија во Белград во 2008 година и да се најдат виновниците./МИА