Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ соопштил дека неговото министерство нема да испраќа полицајци во Република Српска, за да „не биде вештачка причина за напади врз Србија и српскиот народ“.
„Со оглед на тоа што бошњачките политичари во БиХ креираат политички заплети и закани од најнормалната работа на полициската соработка во туристичката сезона, која веќе постои во целиот регион повеќе од 10 години, Министерството за внатрешни работи на Србија нема да дозволи никому во ова да бара изговори за конфликти и подготовки за војна“, истакнал Дачиќ во писмената изјава.
„Затоа нема да испратиме полицајци во Република Српска, за да не биде вештачка причина за напади врз Србија и српскиот народ“, додал тој, пренесуваат српските медиуми.