Србија од Русија добива 30 тенкови T-72

од desk2
167 прегледи

Војската на Србија ќе добие од Русија 30 ремонтирани тенкови следната година вредни најмалку 30 милиони евра.

Најголемиот и најважен факт е дека војската на Србија прв пат ќе имаат тенк со активно-реактивен оклоп.

Војската на Србија од Русија ќе добие тенкови со можност за лансирање ракети од цевки на топ со калибар 125 милиметри, тука е и митралезот 7,62 мм, кој се наоѓа покрај цевката на топот и го следи вртењето на куполата, како и митралез со калибар 12,7 мм на врвот, кој се врти независно од куполата.

Руските медиуми наведуваат дека најдобрите српски тенкисти веќе имале прилика да возат модернизиран T-72 на тенковскиот биатлон кој секое лето се одржува во Русија.

Еден од најпознатите производи на руското вооружување кој стигнува во Србија ќе има и посилен мотор и подобра електронска опрема. Унапредениот тенк T-72 ги потврди своите способности и на воено поле, во Сирија се покажа како неуништлив.