290
Нуркачите од српската Жандармеријата во саботата од Шалинското езеро го извлекоа телото на Лазар Аќимовиќ, 14-годишното момче кое исчезна во селото Липа кај Смедерево.
Неговото тело било извлечено околу 17 часот и 30 минути.
Мајката на момчето за „Блиц“ потврдила дека телото на момчето било извлечено од Шалинското езеро.
Медиумите претходно објавија дека момчето тргнало да оди кај баба му, кога му се изгубила секаква трага.
Во тек е увид на теренот.