Србија почна да селектира, а Македонија дефинитвно подига ограда

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Трослојна жичена ограда долга 1,5 километри од завчера вечерта до денеска е поставена од кота 59 кај првиот бегалски камп на македонско-грчката граница се до армиската караула кај Богородица, јави Плусинфо.

ограда

Од другата страна на автопатот, од пограничното село Богородица долж граничната линија кон селото Селемли, багери на АРМ веќе го подготвиле теренот за поставување на таква ограда, а таа треба да биде поставена во следните два дена.Веројатно се тоа е последица на брзото менување на безбедносната сотојба и се подиретното запирање на бегалскиот бран. Впрочем тоа го побара и Брисел, но и државите на патото на миграцискиот поток ги дуплираа контролите по парискиот терористилки напад.

Во меѓувреме освен на јужната и  на северната граница  е драматично .Повеќе од триста бегалци биле задржани во текот на ноќта на преминот Табановце од каде бранот бегалци се упатува кон Србија, јави доцна синоќа порталот А1он.

Претходно , група активисти на преминот Гевгелија на социјалната мрежа Фејсбук, поточно на фан страната Help the refugees, јавија дека на јужната страна, во воз кон Табановце се пропуштаат само бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан, додека од остантите земји се оставаат надвор.

За иста состојба во контакт со жителите на Табановце дознавме дека полицијата наводно го подигнала степенот на безбедност, потенцирајќи дека на Табановце, српските гранични власти ги пропуштаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан со видлива присутност на терен, посебно од српска страна.

На Табановце пристигнале и претставници на УНХЦР кои побарале останатите бегалци да бидат сместени на топло за време на ноќта.

Мерката е воведена откако Србија одлучи да го намали протокот на мигранти по нападите во Париз, по што Советот за безбедност на неодамна одржаната седница одлучи Армијата на Република Македонија и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки во случај на промена на ситуацијата на теренот, во смисла на можни ограничувања на протокот на мигранти во другите држави во Европа, кон кои тие се упатуваат. Како што беше и официјално соопштено, после последната седница на националниот Совет за безбедност, ограда ќе се поставува за да се заштити земјава од илегалното о минување на бегалците од блискиот Исток, Азија и Африка и ќе имала за цел тие да можат да влегуваат и да побараат времен азил само ако влезат преку кота 59 и потоа се сместат во бегалскиот камп кој е лоциран кај  старите ниви на „Винојуг“ пред Гевгелија.

Советот за безбедност ја задолжи АРМ веднаш да ги започне сите подготовки и активности за расчистување и подготовка на теренот за евентуално и можно поставување ограда, и беше кажано дека ќе има официјална наредба и одлука за почеток на подигање на оградата на границата со Грција, но  последната информација говори дека работите веќе почнале, и неколку километри има поставено ограда на границата со Грција.