Србија подготвува голема наградна игра за вакцинираните

од Nikola Popovski
236 прегледи

Министерката за државната администрација и локална самоуправа во Србија, Марија Обрадовиќ, денес изјави дека се подготвува сериозна кампања, во која се разгледува голема наградна игра, каде што вакцинираните против коронавирусот ќе добијат сериозни награди.

„Тоа е единствениот начин да се покаже дека владата навистина промовира вакцинација“, изјави Обрадовиќ пред новинарите во Аранѓеловац, каде што го посети пунктот за вакцинација во централната зграда на Здравствениот дом.

Таа изјави дека до денес во Србија се ревакцинирани 2.664.000 лица, со пресек во 12 часот и додаде дека тоа не е доволно и дека мора да се стремат кон колективен имунитет.

„Луѓето се прашуваат кога ќе заврши епидемијата. Колку побрзо се вакцинирате, толку побрзо ќе стигнеме до крајот. Со секој ден кога ја одложувавте вакцинацијата, со тоа ја продолжувавте епидемијата. Само постигнување колективен имунитет може да ни помогне да ја прекинеме епидемијата“, рекла министерката.

Таа посочила дека Србија е многу подобра во однос на имунизацијата против Ковид-19 од остатокот од Европа, вклучително и Русија, но дека тоа не е доволно, пренесува Танјуг.

„Бидејќи бевме лидер во вакцинацијата, мора да продолжиме со тоа и многу е важно да продолжиме да ја промовираме вакцинацијата на секое место“, додала Обрадовиќ.

Слични содржини