Србија: Предадени речиси 85.000 парчиња оружје и повеќе од два милиони парчиња муниција

од Vladimir Zorba

Јасмина Пухача од Службата за сузбивање на криминалот на Министерството за внатрешни работи на Србија денеска изјави дека, според последните податоци со кои располага Министерството за внатрешни работи, во периодот од 8 мај до 7 јуни се предадени вкупно 84.920 парчиња оружје и мини-експлозивни направи.

Пухача вели дека од тој број се предадени 62.801 оружје, 22.119 мини и експлозивни направи и 2.880.019 парчиња муниција.

Слични содржини