До крајот на оваа недела, 20 дози од руската вакцина „Спутник 5“ ќе пристигнат во Србија на лабораториска контрола, најави министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација, Денис Мантуров, во разговор со премиерката на Србија Ана Брнабиќ, соопштила Владата на Србија.
Брнабиќ и Мантуров разговарале за време на видео конференцијата, а рускиот министер ја информирал српската премиерка за производството на руската вакцина против коронавис.
Брнабиќ изјавила дека Владата на Србија, заедно со претседателот на републиката, работи на тоа вакцината против Ковид-19 да биде достапна што поскоро на српските граѓани ѝ посочила дека целта е граѓаните да изберат која вакцина ќе ја примат, во согласност со препораките и одобренијата на здравствените установи.
Според неа, Србија е заинтересирана да ја разгледа можноста за заедничко производство на вакцина против коронавирус.