Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, најавил дека здравствените власти размислуваат за задолжителна вакцинација против Ковид-19 и посочи дека ова е предлог на струката.
„Ние се согласуваме за тоа. Тоа е предлог на стручните власти и ќе работиме на тоа да се случи и во нашата земја“, рече Лончар.
Најмала излезност за вакцинација има во Тутин, Мерошина, Чагубица и Пазар.
„Ќе испратиме стручен кадат таму да држат предавања, ќе одат и луѓе од Министерството за здравство… Ќе одиме во секој колектив, секоја фабрика за да добиеме одговори на сите дилеми и мислам дека тоа е решението“, рекол Лончар пред новинарите по состанокот со студенти по повод Светскиот ден на здравјето.
Тој изјавил дека одговорот за имунизација е одличен во Куршумлија, Рашка и додаде дека луѓето од Косово и Метохија доаѓаат на организиран начин за вакцинирање и дека одговорот е добар засега. Лончар исто така вели дека вакцинациите се прават во руралните средини и дека има се повеќе мобилни тимови секој ден.