Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, по седницата на Кризниот штаб, изјави дека државата се подготвува за воведување на ковид-сертификат. Таа оценила дека епидемиолошката ситуација е дополнително комплицирана и рече дека вакцинацијата е единствениот одговор на пандемијата.
„Се подготвуваме за воведување на ковид-сертификатот, доколку е потребно. Конечната одлука ќе ја донесеме за неколку дена. За да биде во согласност со Уставот и човековите права, прво ќе се воведе во области каде што луѓето не мора да престојуваат, и каде што постои голема можност за инфекција. Тоа се: ноќните клубови, баровите, кафулињата и рестораните“.
Брнабиќ прецизира дека нема да бидат потребни сертификати за малопродажните објекти.
Според неа, 2.821.060 лица во Србија се вакцинирани со барем првата доза на вакцината досега, што е околу 52 проценти од населението.