Србија синоќа ни врати 400 мигранти

од desk3
142 прегледи

granicna-policija-srbije-presevo-beta-1383052315-388849
Министерот за работа, вработување и социјални прашања на Србија, Александар Вулин изјави дека денеска границата на земјата е чувана и дека околу 400 мигранти се вратени во Македонија.

„Синоќа единиците на нашата жандармерија и гранична полиција запреа 21 група со близу 400 луѓе и ги врати на територијата на Македонија. Пред неколку дена беа вратени педесет групи со 1320 луѓе. Веќе се слуша дека нашата граница е добро чувана. Ова е тоа што можеме да го направиме“, изјави Вулин.

Според него постигнат е договор меѓи Србија, Унгарија и Австрија за да се патролира на границата меѓу Србија и Македонија затоа што македонската полиција нема капацитет да го реши тоа самата.