209
Српското МВР соопшти дека поради поплавите во 51 српски општини и градови е прогласена вонредна состојба.
Министерството за внатрешни работи наведува дека во петокот околу 20 часот од населбата Мала Губа во Прокупље поради поплавите се евакуирани 60 лица, а утринава од територијата на Бор, Младеновац, Крушевац, Јагодина, Аранѓеловац, Прокупље, Крагуевац, Мајданпек и Лазаревац се евакуирани вкупно 142 лица
Од полноќ евакуирани се вкупно 217 лица.