Србин со БМВ покосил двајца охриѓани на улица во Будва

од Nikola Popovski

Црногорската полиција во Будва издаде налог за Л.Б. (20) од Белград, кој со автомобил удрил шест пешаци околу еден часот по полноќ, возејќи со голема брзина.

Повредени се четворица државјани на Србија – двајца од Бања Ковиљача, по еден од Лозница и Тршиќ, како и двајца македонски граѓани од Охрид.

Со полесни телесни повреди биле пренесени во болницата Котор, пренесува подгорички „Вијести“.

Полициските патроли го блокирале излезот од градот во четвртокот вечерта, откако било пронајдено БМВ на патот кон ридот Топлиќ, кога белграѓанецот го напуштил додека бегал од полициската потрага.

Откако ги покосил, белграѓанецот не застанал. Се обидел да избега од Будва преку Топлиќ, но откако видел дека градот е блокиран, тој направил уште една сообраќајна несреќа околу 1:20 часот на Јадранскиот пат, каде удрил во Тојота, а потоа и во уште неколку паркирани автомобили, по што излегол од возилото и побегнал, пренесува Танјуг.

Полициската акција се уште трае и се трага по младиот човек, а како што се наведува, известени се сите гранични премини.

Слични содржини