Вишиот суд во Белград ја одби жалбата на Јовица Вукотиќ и му го продолжи притворот за 30 дена.

Вуккотиќ е обвинет дека користел лажен македонски пасош на име Георги Андонов. Тој порекнува дека патувал со лажен пасош, но тврди дека го користел само во други држави за да го избегне малтретирањето по аеродроми.
Тој се товари за продолжено кривично дело фалсификување исправа за кое му следи казна од три месеци до пет години затвор.
Уапсен е на 10 септември во турското одморалиште Анталија со фалсификуван македонкси пасош на име Георги Андонов и утредента е депортиран во Србија.
Грција по него рапсиша потерница за шверц со дрога, а Црна Гора го бара за затајување данок. ИМа српско и црногорско државјанство.