25-годишна Србинка со иницијали Т.С. вчера со нож го нападнала Г.М. (49) од Охрид, при физичка пресметка што се случила во угостителски објект во строгиот центар на градот, иноформираат од МВР.
-На 30 јули 2025 година, во угостителски објект на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, дошло до физичка пресметка помеѓу две лица – Т.С. (25) од Србија и Г.М. (49) од Охрид. Според информациите од СВР Охрид, во инцидентот Т.С. со нож го нападнала Г.М, стои во полицискиот билтен.
Двајцата се приведени, а од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.