Над 70% од Србите сметаат дека не е добро Србија да се приклучува кон евроатланските структури
71.6 проценти од Србите сметаат дека не е добро земјата да се приклучи кон ЕУ и НАТО. Ова го покажуваат резултатите од анкетите на ЦЕСИД, објавени во Белград. 55 отсто од анкетираните во истражувањето се изјасниле за сојуз со Русија.. 11,2 отсто од Србите го поддржуваат членството на земјата во Алијансата и во ЕУ.
Од ЦЕСИД нагласуваат дека во последните години се забележува раст на евроскептиците во Србоја. Само 14 отсто немаат став за ова прашање.Во исто време поддршката за поблискиот однос со Русија се зголемува и во моментов над 55 отсто од Србите се прогласуваат за тоа.
