Девет месеци откако се урна натстрешницата на Железничката станица Нови Сад, при што загинаа 16 лица, додека едно лице беше тешко повредено, вчера се одржаа комеморации и протести низ Србија.
Во Нови Сад, граѓаните се собраа на местото на трагедијата во 11:52 часот, во точното време кога на 1 ноември лани се случи трагедијата. Палеа свеќи, оставаа цвеќиња и молчеа 16 минути во спомен на загинатите. Во универзитетскиот кампус се одржа перформанс наречен „Еден“”, посветен на жртвите, а целиот град беше во жалост.
Белград: Колона на тишината и силни пораки за владината корупција
Најголемиот протест се одржа во Белград. Стотици студенти и граѓани се собраа пред старата железничка станица, од каде што со молк се упатија кон новата железничка станица Прокоп. Протестната колона помина низ улицата Немања и дел од улицата Кнез Милош, под полициско обезбедување, а сообраќајот беше запрен.
Во Прокоп се одржа перформанс. Толпата ги вклучи светлата на мобилните телефони и стоеше во тишина 16 минути, по што на пероните оставaше црни ткаенини во знак на жалост.
На собирот беше истакнато дека меѓународната изложба Експо е „круна на корупцијата и најголемата измама на српскиот народ“, а демонстрантите носеа транспаренти „9 месеци, 0 одговорни“, „Кој е виновен?“ и „Србија застана пред 9 месеци“.
Студентските организации најавија продолжување на собирањата сѐ додека не се утврди политичка и кривична одговорност за трагедијата во Нови Сад.
Протести во други градови
Слични комеморации и протести се одржаа и во други градови. Во Ниш, студентите предводеа прошетка од судот до железничката станица, ги прочитаа имињата на мртвите и засадија 16 дрвја во нивна чест. Во Ваљево на железничката станица се одржа шеснаесетминутен молк, додека полициските сили ги чуваа просториите на СНС.
Неколку стотици луѓе се собраа во Чачак со транспаренти „274 дена без одговорност“ и „Чачак го сака Нови Пазар”, а во Сомбор, Горњи Милановац и Краљево, граѓаните палеа свеќи и оставаа цвеќе.
Паралелно, во Шабац, граѓаните протестираа против планираното ископување литиум, додека во Нови Пазар блокираа патишта и поставија шатори за поддршка на приведените поради неодамнешните судири пред од тамошниот универзитет, кој во српскиот политички мејнстрим се смета за сепаратистички и таму имаше крвави сцени со интервенција на безбедносните сили.
Единаесет лица беа уапсени во Србија во петокот, меѓу кои и еден поранешен министер Томислав Момировиќ, како дел од истрагата за корупцијата рушењето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември, објавија обвинителите.