Србите на барикадите 13-ти ден, голем собир во 12 часот на Рудар

од Radmila Tasevska
144 прегледи

Србите 13-ти ден се на барикадите на северот на Косово не се откажуваат од барањето за ослободување на Дејан Пантиќ и другите српски државјани кои неосновано беа уапсени од косовската полиција во претходните денови, јавува Косово онлајн.

На барикадите Србите поминаа уште една ноќ под отворено небо, во екстремно студени услови, но решени да истраат, наведува порталот.

„Кризниот штаб на српскиот народ од северот на Косово“ ги повика денес сите да дојдат на протестот поради заканите на Аљбин Курти, кој претходните денови отворено се закануваше дека ќе ги убие Србите на барикадите.

Слични содржини