Американската компанија Freepoert McMoran, една од најмоќните рударски компании во светот,и нивните партнери од канадската фирма Reservoir Mineralsво околината на Бор во Србија откриле едно од најбогатите наоѓалишта за злато и бакар во светот.

Според пишувањата на српските медиуми Американците на длабочина помеѓу 558 и 559 метри откриле неверојатна содржина од 25,7% бакар и 50,3 грама злато во тон руда. Според досега истражените наоѓалишта на светот, најбогатата содржина е пронајдена во рудникот Холистер во САД, каде се добива 27,20 грама злато по тон руда.
Американската компанија досега во околината на Бор открила 65 милиони тони руда. Ако се пресмета бруто вредноста на бакарот и златото во новооткриените наоѓалишта, по официјални цени на Лондонската берза на метали, излегува дека во околината на Бoр се крие богатство вредно речиси 18 милијарди долари.Ова се само првични резултати, бидејќи Американците и Канаѓаните продолжуваат со истражувањата.
Од тоа досега истражувањата покажуваат и дека во една бушотина, на длабочина од 179 метри е пронајден слој од 84 метри во кој содржината на бакар е 10,75 посто и злато од 10,86 грама по тон. Во вториот слој на рудата, со дебелина од 46 метри, е пронајден уште побогат депозит од 15,85 посто и 16,77 грама по тон злато. Некои неофицијални информации укажуваат на тоа дека резервите на бакар во околината на Бор се проценуваат на милијарда тони руда, со пропратни количини злато и други драгоцени метали. Сепак, тоа уште мора да го потврдат истражувањата.
Американците и Канаѓаните кај Бор избушиле повеќе од 42 км бушотини, а во некои делот на бакар во рудникот бил поголем од 10 посто, па уште пред две години се говореше за најбогатото лежиште на тој метал на светот. Дејан Кожељ, директор и главен геолог на Freeport во Србија, претходно рекол како таа компанија лани во геолошките истражувања во околината на Бор вложила околу 15 милиони долари, додека оваа се осигурани 20 милиони.
„Потребен е голем број позитивни резултати од истражното бушење пред донесувањето на конечната одлука за почетокот на експлоатацијата. Неопходно се доволно податоци, како би се дефинирале величината и квалитетот на лежиштето, по што мораме да го подготвиме главниот рударски проект на откопување, поради добивање на експлотациско право“, тврди Кожељ.