Србите во Македонија најавуваат свој попис за да се пребројат

од Nikola Popovski
374 прегледи

Претседателот на Демократската партија на Србите (ДПС) во Македонија и актуелен пратеник Иван Стоиљковиќ најавува дека Србите во земјава ќе организираат свој попис за да се пребројат.

-Неможејќи да ги прифатат лажните резултати од пописот, немајќи доверба во официјалните органи на актуелната власт и немајќи намера да му дадат легитимитет на нивното перфидно поништување на нашиот народ, Демократската партија на Србите во Македонија и Српската заедница во Македонија, се надеваме дека со официјална поддршка на нашата татковина, ги информираат сите припадници на српскиот народ дека во втората половина на оваа година пописот ќе се спроведе попис, електронски и теренски, на кој ќе може да се попишат сите оние кои се сметаат себеси за припадници на српскиот народ, соопштуваат од ДПС.

Според Стоиљковиќ попишувањето ќе биде доброволно, а попишаните лица ќе добијат официјална потврда која ќе можат да ја користат во правото на образование, стекнување на имот, стекнување државјанство, како и други поволности во како што велат, нивната матична земја, Република Србија.

-Исто така, лицата чие презиме завршува на „иќ“, а ја немаат оваа потврда, нема да бидат третирани како валидни претставници на српскиот народ во македонската администрација, туку како кукавички јајца снесени во нашето гнездо. Тоа важи и за политичките и невладините организации со префиксот „српски“, а всушност основани за потребите на одредена политичка партија како привремено капак за отсуството на српски партнер во нивната коалиција, кои со своето неработење односно поддршка на криминалните пописни активности, неодговорно од позицијата на власт ги десеткуваа Србите и се директни виновници за оваа ситуација. За се ќе бидете навремено информирани, изјавил Стоиљковиќ, пренесува ДПС.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пописот покажа дека во земјава 23.847 или 1,3 отсто се Срби.

Слични содржини