Руската влада дала одобрение Србија да ги враќа руските кредити во рубљи. Премиерот на земјата Михаил Мишустин побарал да потпише меѓувладин договор по тој повод, пренесува Спутник.
„Одобрете го нацрт-протоколот меѓу владите на Русија и Србија во рамките на руско-српските меѓувладини договори во согласност со договорот за доделување на Владата на Србија државен кредит за извоз… државен финансиски кредит. Српската страна, во согласност со договорите, ги извршува сите трансакции во корист на руската страна во руски рубљи“, се наведува во документот.