Средба Ахмети-Гарет: ДУИ е посветена на судските реформи и реформите во безбедносниот систем

од desk4
85 прегледи

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети денес во седиштето на ДУИ во Тетово се сретна со Британскиот Амбасадор во Македонија Чарлс Гарет.

Ахмети и Гарет разговараа околу политичката ситуација, систематските реформи и Евроатлантските интеграции.

Лидерот на ДУИ ги повтори приоритетните определби на партијата во ова парламентарно мнозинство, каде спаѓаат системските реформи, особено владеењето на правото, добрососедство, интеграцијата во НАТО и отворање на разговорите за членство во Европската Унија.

– ДУИ особено е посветена за судските реформи и реформите на безбедносниот систем, со што се истакна дека по локалните избори, сите наши енергии ќе се фокусираат на исполнувањето на обврските пред нас, истакнал Ахмети.

Ахмети и амбасадорот Гарет исто така, разговарале и за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.