Средба Бесими – Холштајн – Реме: КфВ продолжува со континуирана поддршка на С. Македонија

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Проекти во вредност од над 150 милиони со поддршка на КФВ Банка се спроведуваат во земјата. Динамиката на нивното спроведување и идна соработка на нови проекти беа тема на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на СР Германија во земјава Анке Холштајн и новиот директор на канцеларијата на КфВ банка во РС Македонија и Косово.

KфВ банката е дел од групацијата KfW Bankengruppe која е одговорна за финансиска соработка со земјите во развој. Таа со поддршка на Германската амбасада во земјава ја спроведува финансиската соработка во рамки на билатералната развојна соработка со СР Германија. Обезбедува долгорочен капитал и поттикнува инвестиции во инфраструктурата, финансиските системи и заштитата на животната средина. Нејзината мисија во Република Северна Македонија е промовирање на одржливиот развој, поддршка на транзицискиот процес и поддршка за пристапување кон ЕУ

Министерот за финансии на средбата изрази благодарност за континуитетот во поддршката што ја добива земјава од СР Германија и КФВ банката во изминатиот период и очекува таа да продолжи и со поголемо темпо со новото раководство на Банката. Станува збор за програма за наводнување на Северна Македонија во вредност од 80 милиони евра, втора фаза од Ветерниот парк во Богданци со 18 милиони евра поддршка од КФВ банката, спроведување топлификација на Битола со 39 милиони евра од КФВ Банка, како и реконструкција на студентските домови од 20 милиони евра.

„Тоа е значајна поддршка која РС Македонија ја добива од КФВ банката, а особено значајна во моментов е поддршката во секторот енергетика, за зголемување на капацитетите за производство на електрична енергија и воведување топлификација во Битола “, истакна министерот Бесими.
.Од КФВ Банката постои интерес за соработка во повеќе проекти, како Ветерниот парк Миравци, поставување фотоволтаични централи во ТЕ Битола и Соларно парно греење Битола, како и реалиација на трета фаза од рехабилитација на шест големи ХЕЦ.

На средбата беше истакна дека реализацијата на капителните инвестиции е еден од приоритетите на Владата. Оваа година со ребалансот, иако е криза, имаме предвидено рекордно ниво на капитални инвестиции од 520 милиони евра. Тоа се средства кои ќе значат поддршка за компаниите кои ќе бидат вклучени во нивната реализација, а на долг рок нивната реализација ќе значи придонес во економскиот раст, подобра конкуреност на економијата, подобра регионална соработка преку подобрата инфраструктура. Сето тоа на долг рок значи одржлив економски раст.
СР Германија е наш значаен поддржувач и партнер на нашиот пат на евроинтеграција и развој на општеството. Таа е и нашиот најзначен трговски партнер. Германската Влада досега има инвестирано во земјава 500 милиони евра.

Слични содржини