„Заедничкиот интеграциски пат на Скопје и Тирана кон Европската Унија беше една од точките на денешната средба со претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета. Заедно оценивме дека нашиот евроинтеграциски пат треба да се финализира со успех за нашите две земји“, објавија од кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби после средбата со албанскиот претседател Илир Мета.
Груби му кажал на претседателот Мета дека ги цени добрите билатерални односи меѓу двете земји и дека го цени фактот дека нема ниедно отворено прашање меѓу С. Македонија и Албанија.
„За време на оваа средба ја отворивме и темата за Пописот како еден витален процес за РСМ, додека заедно со претседателот Мета апелиравме до дијаспората да се регистрира за да го знаеме точниот број на население што живее во Северна Македонија“, стои во објавата на Фејсбук на Груби.
Слична е содржината и на информацијата за разговорите со градоначалникот на Тирана. Груби од него барал дел од да оддели време од својот ангажман и посветеност за Тирана и да испрати повик до дијаспората на Северна Македонија позитивно да одговори на пописот кој е во тек.
Коридорот 8 бил исто така една од точките што беа разгледани на овој состанок, каде двајцата соговорници истакнаа дека овој проект е од голема важност бидејќи поврзува повеќе балкански земји и ќе влијае на економскиот развој на земјите и ќе донесе позитивност кај сите граѓани.