Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот гостин, бугарскиот претседател Румен Радев, се состанале во Димитровград, каде што ќе имаат средба со претставници на бугарското национално малцинство.
Целиот Димитровград бил украсен со српски и бугарски знамиња, а транспаренти за добредојде на двајцата претседатели, напишани на српски и бугарски јазик, исто така се нашле на улиците.
По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели, предвиден е пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Вучиќ и Радев потоа ќе се сретнат со претставници на бугарското национално малцинство, по што ќе се обратат до медиумите.
Според пописот од 2011 година, во Димитровград и Босилеград, Бугарите го сочинуваат мнозинството од населението, 71,82 проценти во Босилеград и 53,5 проценти во Димитровград.